Известување

Се известуваат жителите од населеното место Шемшово како и останатите населени места кои користат вода за пиење од водоводната мрежа со која стопанисува комуналното претпријатие ЧИСТОТА ДООЕЛ Јегуновце, според последни извршени анализи од страна на институтот за јавно здравје Тетово ви укажуваме дека водата е исправна за пиење.

Прилог анализа за состојбата на водата.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце

 

Известување

Се известуваат жителите од населено место Сиричино како и сите останати жители, во деновите 04,05,08,09 и 10.10.2018 гидина  во временски период од 08.00 па се до 15.00 часот, да не се движат на релација покрај военото стрелиште „Еребино“ да не би дошло до несакани последици бидејќи вработените на СВР Тетово ќе изведат боево гаѓање.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце

Известување

Се известуваат жителите од населено место Сиричино како и сите останати жители, во деновите 23.09.2018 гидина како и 07,14 и 21.10.2018 година во временски период од 08.00 па се до 15.00 часот, да не се движат на релација покрај военото стрелиште „Еребино“ да не би дошло до несакани последици бидејќи вработените на СВР Тетово ќе изведат боево гаѓање.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце

Известување

Се известуваат жителите на општина Јегуновце во деновите 18-19.07 и 19-20.07.2018 година почнувајќи од 21 часот па се до раните утрински часови ќе биде извршена дезинсекција против комарци.

Дезинсекцијата ќе се изврши со УЛВ генератор за ладно замаглување поставено на возило со приколка и предходница од друго возило со ротација.

Со оваа дезинсекција против комарци ќе бидат опфатени зелени површини, населените места како и депониите на територија на општина Јегуновце.

Во случај на неповолни временски прилики истата ќе биде одложена за што дополнително ќе ве информираме.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце