Општина Јегуновце се наоѓа во северозападниот дел на Долни Полог помеѓу 42°00’ и 42°15’ северно од Екватор и 21° и 21°15’ источно од Гринич. Всушност, морфолошки се наоѓа меѓу западната падина на варовничката планина Жеден и јужната падина на Шар Планина, односно е сместена на пространата алувијална рамнина на реката Вардар. 

Просторот на Општина Јегуновце многу одамна бил населен, за што сведочатголем број пронајдени предмети уште од одамнешни времиња (5 и 6 век). Истотака забележани се остатоци за континуиран развој на населбите, изразен прекубројни археолошки наоди: некрополи, ранохристијански градби, средновековни цркви и други сведоци на културното наследство на овие простори.

Локација на Општина Јегуновце

По својата локација Општина Јегуновце има мошне важно значење за економската и стратешката положба, бидејќи на широк појас и преку еден превал се поврзува со Република Косово.

Преку неа води и регионалниот пат Р-1203 кој што има меѓународно значење. Истотака тука поминува и железничката пруга Скопје – Тетово – Кичево. Се граничи со општините: Теарце, Желино и Сарај како и со државната гранична линија со Република Косово.

Општина Јегуновце зафаќа површина од 174 км². Во состав нановоформираната општина се наоѓаат 17 населени места и тоа: Беловиште (720м.н.в.), Вратница (730 м.н.в.), Старо Село (870 м.н.в.), Рогачево (800 м.н.в.), Јажинце (800 м.н.в.), Орашје (620 м.н.в) – планински населби, Жилче (410 м.н.в.), Јанчиште (396 м.н.в.), Јегуновце (396 м.н.в.), Копанце (392 м.н.в.), Подбреѓе (395 м.н.в.), Прељубиште (400 м.н.в.), Раотинце (390 м.н.в.), Ратае (435 м.н.в.), Сиричино (390м.н.в.), Туденце (385 м.н.в.) и Шемшово (405 м.н.в.) – рамничарски населби. Седиштето на општината се наоѓа во населеното место Јегуновце.

Карта на Општина Јегуновце со селските атари
Close Search Window