Општина Јегуновце се наоѓа во северозападниот дел на Долни Полог помеѓу 42°00’ и 42°15’ северно од Екватор и 21° и 21°15’ источно од Гринич. Всушностморфолошки се наоѓа меѓу западната падина на варовничката планина Жеден ијужната падина на Шар Планина, односно е сместена на пространата алувијалнарамнина на реката Вардар.

Просторот на Општина Јегуновце многу одамна бил населен, за што сведочатголем број пронајдени предмети уште од одамнешни времиња (5 и 6 век). Истотака забележани се остатоци за континуиран развој на населбите, изразен прекубројни археолошки наоди: некрополи, ранохристијански градби, средновековницркви и други сведоци на културното наследство на овие простори. По својаталокација Општина Јегуновце има мошне важно значење за економската истратешката положба, бидејќи на широк појас и преку еден превал се поврзува соРепублика Косово.

Преку неа води и регионалниот пат Р-1203 кој што има меѓународно значење. Истотака тука поминува и железничката пруга СкопјеТетовоКичево. Се граничи соопштините: Теарце, Желино и Сарај како и со државната гранична линија соРепублика Косово.Општина Јегуновце зафаќа површина од 174 км². Во состав нановоформираната општина се наоѓаат 17 населени места и тоа: Беловиште (720м.н.в.), Вратница (730 м.н.в.), Старо Село (870 м.н.в.), Рогачево (800 м.н.в.), Јажинце (800 м.н.в.), Орашје (620 м.н.в) – планински населби, Жилче (410 м.н.в.), Јанчиште (396 м.н.в.), Јегуновце (396 м.н.в.), Копанце (392 м.н.в.), Подбреѓе (395 м.н.в.), Прељубиште (400 м.н.в.), Раотинце (390 м.н.в.), Ратае (435 м.н.в.), Сиричино (390м.н.в.), Туденце (385 м.н.в.) и Шемшово (405 м.н.в.) – рамничарски населби. Седиштето на општината се наоѓа во населеното место Јегуновце.

jegunovce11