Известување

Согласно законот за заштита на населението од заразни болести сл.веснинк бр.66/2004, а во договор со локалната самоуправа на Јегуновце за спроведување на теристичка ларвицидна дезинсекција на територија на Општина Јегуновце, ЈЗУ Центар за јавно здравје Тетово го издава следното сооптение:

Деновите од 28 до 30.05.2018 година ќе се врши теристичка ларвицидна дезинсекција на општина Јегуновце. Дезинсекцијата ќе се врши со рачни и моторни пумпи и апарат УЛВ.

Поради спецификата на работата активностите ќе се вршат преку ден во орманите и мочуришта во наведениот период, почнувајќи од 09 часот.

Во случај на неповолни временски прилики истата ќе биде одложена за што дополнително ќе ве информираме.

 

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце

Известување

Се известуваат жителите од населено место Јегуновце како и околните населени места од општина Јегуновце на ден 17.05.2018 година (Четврток)  ќе се изврши обележување на патниот правец Р-2234 Јегуновце-Пршовце.

Од таа причина согласно одобрениот временски период овој патен правец ќе биде затворен за сообраќај од 10:00 до 16:00 часот.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце

Известување

Се известуваат жителите од населените места Шемшово и Жилче како и жителите од околните населени места од општина Јегуновце почнувајќи од 02.05.2018 година па во наредните 30 дена вклучувајќи ги и саботите,  ќе се спроведуваат градежни активности на регионалниот пат Р29274, односто ќе биде извршено надградба на постоечкиот коловоз.

Општина Јегуновце ги известува а воедно и задолжува сопствениците на нивите кој се наоѓаат покрај овој регионален пат да ги отстранат стеблата и дрва кој се на работ на коловозот од лева и десна страна.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце

Соопштение

Општина Јегуновце ги известува а воедно и задолжува сопствениците на нивите кој се наоѓаат покрај регионалниот пат Шемшово-Прељубиште и Прељубиште-Јанчиште во период од 09.05.2018 до 14.5.2018 година да ги отстранат стеблата и дрва кој се  на работ на коловозот од лева и десна страна.

Доколку оваа одлука не биде реализирана општината ќе преземе содветни мерки до соопствениците.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце

Известување

Се известуваат жителите од населено место Јегуновце како и околните населени места од општина Јегуновце дека деновите од 05.05.2018 па се до 11.05.2018 ќе се изврши асвалтирање на патниот правец Р-2234 Јегуновце-Пршовце.

Од таа причина овие денови согласно одобрениот временски период овој патен правец ќе биде затворен за сообраќај во временски период од 13 па се до 17 часот.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце