Се известуваат жителите на општина Јегуновце во деновите 18-19.07 и 19-20.07.2018 година почнувајќи од 21 часот па се до раните утрински часови ќе биде извршена дезинсекција против комарци.

Дезинсекцијата ќе се изврши со УЛВ генератор за ладно замаглување поставено на возило со приколка и предходница од друго возило со ротација.

Со оваа дезинсекција против комарци ќе бидат опфатени зелени површини, населените места како и депониите на територија на општина Јегуновце.

Во случај на неповолни временски прилики истата ќе биде одложена за што дополнително ќе ве информираме.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце