Јавната Локална Установа Библиотека “Светлина – Дрита” е современа културна институција која е релативно млада локална установа изградена и целосно опремена во 2007 год. со поддржана од проектот на УНДП ,,Пријателиски библиотеки за сите граѓани’’ финансиран од Кралството Норвешка. Истата се наоѓа во Прељубиште, населено место во кое живеат неколку националности со различна вероисповед, култура и традиција, истата претставува собиралиште на сите етникуми на едно место.
Основач на Библиотеката е Советот на Општина Јегуновце согласно Оддлука на Советот на Општина Јегуновце за основање на Јавна Локална установа – Библиотека во населено место Прељубиште – Општина Јегуновце бр.07-85/6 од 29.01.2008 год. (Службен гласник на Општина Јегуновце бр.47/08)
Библиотеката како Јавна Локална установа во Општина Јегуновце врши дејност од посебен јавен интерес и придонесува за развој на културата, унапредување на стручната и научната работа, развој на науката и образованието со достапност на сите граѓани под еднакви услови без оглед на нивната образовна, полова, национална политичка или религиозна припадност како и за граѓаните со посебни потреби.

Библиотеката во рамките на своето работење ги врши следните дејности:

    • набавува, чува, стручно обработува, заштитува и дава на користење библиотечен материјал определен со Законот за библиотеки;
    • комплетира и под посебни услови обработува и чува архивски прикмерок од вкупниот книжен и некнижен библиотечен материјал што се издава и се печати во Република Македонија;
    • истражува, прибира, чува и обработува библиотечен материјал со својство на културно наследство и редок библиотечен материјал;
    • изготвува и изработува каталози за библиотечниот материјал што се наоѓа во библиотеката;
    • врши нужно – истражувачка работа од библиотекарството и информативните дејности;
    • ги проучува состојбите и потребите за развојот на библиотечната дејност и дава мислење и предлози за нивно унапредување;
    • се грижи за стручно усовршување на библиотекарските кадри;
    • врши размена и позајмување на библиотечен материјал со други библиотеки и институции;
    • соработува во меѓубиблиотечната размена и посредување на информации;
    • врши заштита на библиотечниот материјал согласно утврдените правила и стандарди за техничко заштитни мерки, за чување и заштита на библиотечениот материјал;
    • микрофилмува, умножува и печати библиотечен материјал;
    • врши дезинфекција на библиотечниот материјал;
    • подготвува и издава публикации што произлегуваат од нејзината дејност;
    • врши маркетинг во функција на библиотечната дејност;
    • го промовира и афирмира библиотечниот материјал и движното културно наследство на Република Македонија, преку изложби, предавања, литературни читања, семинари и курсеви, прикажување на филмови и други форми на дејствување;
    • оттуѓува библиотечен материјал од резервниот фонд на библиотеката;
    • вклучување во заемниот библиографски систем и пристап до библиотечниот материјал во електронска форма;
    • врши и други работи предвидени со Законот за култура, Законот за библиотеки и други прописи.

Јавната Локална Установа Библиотека “Светлина – Дрита” како културно образовна институција има значајно место и улога во културно просветниот живот во Општина Јегуновце. Библиотечниот фонд со кој располага оваа библиотека изнесува 7.000 книги од различни области со тенденција за перманентно зголемување. Освен со книжевен фонд библиотеката располага и со компјутери со постојана интернет мрежа, повеќе наменска сала како и други ресурси кој ја одликуваат секоја убава современа библиотека а секако најпосетена е од ученици и студенти. Библиотечната дејност има важна задача, а таа е подигнување на културното и образовното ниво на граѓаните. Во библиотеката се одвиваат и други активности: литературни конкурси по различни видови и теми, изложби на книги што се интересни за читателите, промоции на книги, средби и разговори со истакнати писатели, поети и млади творци кои го презентираат своето литературно творештво.
Книгата е најдобар пријател на човекот. Таа ги поврзува луѓето од целиот универзум без разлика на верската и националната припадност,во своите размислување,сваќања и погледи кон светот.

Работно време

Од понеделник до петок
од 09:00ч. до 17:00ч.

Адреса

ЈЛУБ “Светлина – Дрита” 1228 Прељубиште, Општина Јегуновце
Р. С. Македонија

Контакт информации

Весна Јованоска (директор)
Тел: (+389) 44 376 066
Е – контакт: svetlina.drita@t.home.mk

Close Search Window