Општина Јегуновце реализираше уште еден од низата проекти, изградени се неколку детски игралишта во населените места: Јажинце, Рогачево, Старо Село, Беловиште, Шемшово, Туденце, Копанце, Јегуновце и Јанчиште.

Целовкупниот простор во овие населени места изминатиов временски период беше запуштен и обраснат со трева, конечно се претвори во убави детски игралишта каде најмладите ќе го поминуваат дел од слободното време.

Средствата за успешна реализација на овој проект се издвоени од буџетот на Општина Јегуновце.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце