Денес 18 Декември 2018 година, Општина Јегуновце одбележува 22 години од своето формирање.

Локалната самоуправа на Општина Јегуновце предводена од градоначалникот Дарко Блажески по повод денот на формирање на Општина Јегуновце упатува честитки до сите жители на оваа општина.

На денешен ден пред 22 години се конституирал првиот повеќепартиски совет на Општина Јегуновце со што жителите од овој крај добија своја општина која ќе биде поблиска до сите граѓани.

Во населените места низ Општина Јегуновце за овие 22 години се изградени повеќе капитални проекти: водоводи, резервари, канализации, локални патишта и улици, спортски игралишта, мрежа за улично осветлување, реконструирани се училишта и домови на културата, како и многу други проекти со што значително се подобрени условите на живеење за сите жители.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце