„1 Мај“ е меѓународен ден на трудот, државен празник во повеќе земји во светот меѓу кој и Република Македонија, овој ден е неработен за сите жители.

1 Мај се одбележува во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел воведување на 8-часовен работен ден, било употребена сила од страна на полицијата, при што имало и жртви. Подоцна, организаторите на штрајкот биле изведени на суд, при што четворица од нив биле и погубени.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце