Утре 24 Мај е неработен ден за сите жители во Република Македонија, бидејќи се слави денот на светите браќа Кирил и Методиј кој се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи.

24 Мај е државен празник во Македонија кој се празнува во чест на основачите на првата словенска азбука.

По повод овој ден локалната самоуправа на Општина Јегуновце заедно со Градоначалникот Дарко Блажески упатува честитка до сите жители на Република Македонија.

Изготвил: Стојанче Антовски
Општина Јегуновце