По повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, Локалната самоуправа на Општина Јегуновце со Градоначалникот Дарко Блажески упатува честитка до сите верници од православна вероисповест, во честитката се вели:

– Духовната вредност на овој голем христијански празник Воскресението Христово – Велигден не потсетува на значењето и вредноста на човечкиот живот исполнет со покајание, молитва и пост. Со Воскресението Христово се празнува победата на Животот над смртта, неговата големина, добрина и семоќ. Во овие убави денови на празнување Ви посакуваме воскресенска светлина и среќни велигденски празници, исполнети со разбирање, благодет и спокој во секој дом.

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ – НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!

Изготвил: Стојанче Антовски
Општина Јегуновце