По предлог на градоначалникот Дарко Блажески советот на општина Јегуновце донесе одлука за утвдрување на цена по приклучок за фекална канализација за населените места од општина Јегуновце.

Со оваа одлука наместо досегашните 300 евра по приклучок висината ќе изнесува само 150 евра, со што значително ќе се намалат трошоците кај идните корисници од сите населени места во општина Јегуновце.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце