Општина Јегуновце заедно со црвениот кртс на Репулика Македонија  овој викенд успешно спроведе акција за дарување на крв.

Крводарителната акција се одржа во просториите на Општина Јегуновце.

Дарувајќи дел од наскапоцената течност многу луѓе од населените места во Општина Јегуновце ја искажаа својата хуманост на дело. Меѓу дарителите како редовен крводарител беше и првиот човек на општината градоначалникот Тони Коцески како и дел од вработените во администрацијата на Општина Јегуновце.

Крвта е незаменлив лек, секојдневно потребна за да се продолжат многу животи.

Да даруваме крв денес зошто утре можеби и нам ќе ни треба.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце