Општина Јегуновце 18.04.2017 година – завршен е со санација постоечкиот објект во н.м Прељубиште.

Објектот кој подолго време беше користен како средно стручно училиште  повторно е оспособен и се врши негова пренамена за нова детска градинка.

Од страна на Министерсвото за труд и социјална политика обезбедени се средства за опремување на новата детска градинка и во скоро време се очекува истата да биде опремена.

Ова е уште еден од низата успешни проекти на Општина Јегуновце и Градоначалникот Коцески кој е од голем интерес за сите а посебно за најмладите.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце