Државната компанија МЕПСО  во  општина Јегуновце гопушти во употреба реконструираниот далновод СкопјеТетово, со краци кон трафостаниците во Теарце и Јегуновце. Со проектот ќе се обезбеди непречено и стабилно снабдување со електрична енергија на полошкиот регион, кој во изминативе години се соочуваше со проблеми во текот на зимските месеци поради дотраениот далновод. Со проектот се опфатени 187столбови, од кои новоизградени се 158. Изведени се и нови спроводници наелектрична енергија, изолатори, овесна и спојна опрема. Должината надалноводот изнесува 48 километри.

dalnovod

Во рамки на проектот се извршени приспособувања на ситетрансформаторски станици што ги поврзува овој линиски енергетски објект,додека во трансформаторската станица „Југохром“ во целост е модернизиран собирничкиот систем на 110 киловолтно напонско ниво. Инвестирани беа над 4 милиони евра обезбедени преку кредит од Светска банка. Изведувач наработите беше „Енергомонтажа“ од Белград, додека техничкиот надзор говршеше конзорциум од Техничкиот факултет Битола, Столб Битола и Елносод Бања Лука.

dalnovod2

Градоначалникот Коцески при пуштање во употреба намодернизираната трафостаница на која присуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски нагласи дека сите проекти што ги ветивме пред локалните избори во општина Јегуновце се исполнети како инеколку дополнителни неветени капитални проекти освен изградба на спортска сала која очекувам да почне со градба до крајот на годината. Тој очекува во наредниот период со Министерството за образование и наука да се договорат за почетокот на изградба на салата во Јегуновце, да бидеставен камен-темелник и во текот на 2017 година таа да биде реализирана.

Коцески го информира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека интезивно работат и напроектот за регулација на коритото на Вардар со што, како што рече, ќе се остранат можностите од поплави во општинатано ќе се подобри и сигурноста на Скопје.

dalnovod3

Проектот е инициран на седница на Владата, а го реализира Градежен факултет Скопје и треба да го изготви до крајот на септември. За оваагодина во Буџетот се предвидени 100 милиони денари за реализација иочекувам барем да биде избран изведувачот на работите. Станува збор за регулација на седум километри од коритото на Вардар што се очекува да биде готово за четири годинирече Коцески.

Во изминативе годиникако што кажа, многу пати Вардар се изливал одсвоето корито, а ситуацијата се подобрила со чистење на коритотона Вардар и Бистрица и правењето канали. Сепак, додаде, регулацијатана Вардар ќе значи спречување на натамошното поплавување на регионот.

Со регулација на коритото нема да има потреба да се ограничува работатана Мавровските електрани и ќе може да работат со полн капацитет. Тиена нивниот излез испуштаат некаде околу 32 до 35 метри кубни во секунда вода, а за време на големи врнежи на најкритичното местово Ротинце Вардар доаѓа вода до 70 метри кубни во секунда. Бардар, пак, како речно корито во ниеден момент не може да прими повеќе од 50 метрикубни вода, рече Коцески.

Регулацијата на коритото, потенцира, ќе исправи дел од делниците и ќе има забрзување на реката која е целосно изменета од историското корито. -Затоа регулацијата ќе значи трајно решение не само за околните населби на Јегуновце, туку и за Скопје – посочи Коцески.