Општина Јегуновце 05.02.2018 година – Променети се осум врати на тоалетите во ПОУ Симче Настовски од Јажинце.

Поради дотраеност на старите и руинирани врати во тоалетите на ПОУ Симче Настовски во населено место Јажинце а воедно и подобрување на условите за учениците од ова училиште заменети  се старите со нови ПВЦ врати на тоалетите.

Средствата за оваа реализација се обезбедени од Буџет на Општина Јегуновце, општината во рамките на своите можности ќе продолжи да вложува за подобри услови во образованието.

 

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце