Денес во просториите на Општина Јегуновце се одржа работна средба помеѓу градоначалникот Дарко Блажески и претставници од здружението на слепи лица од Тетово.

На оваа средба претставниците од ова здружение го запознаа градоначалникот со број на слепи лица од општина Јегуновце, проблеми со кој се соочуваат овие лица, како и потреби кој им се неопходни за нормален живот.

– Градоначалникот Блажески изјави дека е спремен за соработка и помош од негова страна како лично така и институционално, максимално ќе вложи овие лица да добијат подобри услови и да се реализираат нивнините барања во најбрз временски период.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце