Денес 26.03.2018 година во просториите на Општина Јегуновце се одржа работна средба помеѓу градоначалникот Дарко Блажески и претставници на ОФС.

На средбата беше дискутирано за развој на фудбалот на локално ниво, помош и подршка од страна на локалната самоуправа за фудбалските клубови кој се активни во македонската натпреварувачка лига.

Градоначалникот Блажески најави дека како локална самоуправа во рамки на своите можности максимално ќе вложи за помош на фудбалот како и останатите спортови во Општина Јегуновце.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце