По повод одржување на меѓународните фолкорни средби МОСТОВИ кој како домаќин овој пат ќе биде КУД Извор од Јегуновце а ќе се одржат денес во населеното место Јегуновце,  претставници од КУД – Бранко Радичевиќ од Стара Пазова, КУД – Коршиака од Скопје, КУД – Акиф Јахја од с.Теарце и КУД Извор од Јегуновце во просториите на општина Јегуновце остварија средба со градоначалникот Дарко Блажески.

На оваа средба  дискутирано беше за развој и промоција на културните вредности на општина Јегуновце и Македонија како и  взаемна подршка и соработка со останатите културно уметнички друштва.

Градоначалникот Блажески го поздрави овој настан и најави дека како локална самоуправа во рамки на своите можности максимално ќе вложи за помош и промоција  на културните вредности како во општина Јегуновце така и во Македонија.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце