Градоначалникот на општина Јегуновце г-дин Дарко Блажески потпиша Меморандум за соработка со извршниот  директор на  здружението Женски Форум од Тетово.

Со потпишување на овој меморандум целта е да се потикне  дебата од страна на цивилното општество, со цел информирање на граѓаните, конкретно жените за нивните права на наследство.

-Граѓанските здруженија во соработка со институционалните механизми за остварување на родова рамноправност да иницираат кампањи за подигање на свеста и за информирање на правата на жените за наследство.

-Централната и локалната власт да спроведуваат воспитни програми во кој посебно ќе бидат вклучени жените од руралните средини за и тие да можат да го остварат нивниот економски потенцијал и во соработка со банките на РМ да им овозможат на жените земање поволни кредити за нивни почетни бизниси.

-Во многу општества жените се зајакнале со помош на финансиските механизми кои го принудуваат патријахалниот систем да се промени. Во овој контекст, со помали даноци, кога е сопственик жената, ќе биде добар пристап за привлекување на семејството да го пренесе имотот кај жените и девојките.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце