На ден 26.06.2018 година градоначалникот на општина Јегуновце г-дин Дарко Блажески потпиша Меморандум за соработка со претседателката на женската граѓанска иницијатива АНТИКО.

Целта од оваа соработка е заеднички придонез во промовирање и унапредување на родовата рамноправност и подеднаква вклученост на родовите – половите во креирањето на јавните политики, размената на информации и најдобрите практики во процесот на создавање на еднакви можности за жените  и мажите во заеднициата.

Оваа воспоставена соработка ќе даде придонес и во зголемувањето на јавната свест за придобивките на родовата рамноправност како и активно учество на женската граѓанска иницијатива АНТИКО и граѓаните/ките во креирањето на политиките кој подразбираат применување во пракса на еднаков статус и третман на жените и мажите во остварвањето на сите права, развој на индивидуалните потенцијали, еднаквиот ангажман  во развојот на заедницата, а и придобивките кои произлегуваат како резултат од овој развој.

 

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце