Градоначалникот на општина Јегуновце Дарко Блажески, раководителот од Центарот за развој на Полошки плански регион од Репулика Македонија Фатмир Саити и градоначалникот Ариф Тафани од општина Белш Репулика Албанија потпишаа меморандум за заедничка соработка.

Меморандумот беше потпишан во општина Белш Репулика Албанија а целта на овој меморандум е потврда на соработката помеѓу општина Јегуновце, Центарот за развој на Полошки плански регион и општина Белш во рамките на вториот повик за поднесување на проекти во програмата за прекугранична соработка помеѓу Ребулика Македонија и Репулика Албанија.

Потписниците на Меморандумот прифаќаат да поднесат заедничка проектна апликација согласно правилата на вториот отворен повик за поднесување на проекти во програмата за прекугранична соработка помеѓу Репулика Македонија и Репулика Албанија.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце