По барање на месната заедница на населено место Јанчиште а одобрено од советот и градоначалникот на општина Јегуновце, инсталирани се цевки за наводнување на земјоделско земјиште во населено место Јанчиште.

Овој цевковод е во должина од околу 300 метри, додека бенифитот на овој проект е олеснување на жителите од населено место Јанчиште за наводнување на нивните земјоделски насади.

За оваа реализација обезбедени се финасиски средства од буџет на Општина Јегуновце,  изведувачи се фирмата ЕУРО ИНВЕСТ ИНГ – Тетово.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце