Општина Јегуновце 13.04.2019 – Екипа ангажирана од локалната самоуправа постави нови енерго ефикасни светилки и арматури на улично осветлување во населено место Жилче.

Како Општина Јегуновце остануваме посветени и се трудиме жителите да добијат квалитетното јавно осветлување. Воедно, упатуваме апел до сите жители навремено да ги пријавуваат проблемите  со електричната мрежа на уличното  осветлување, се со цел по дојавата веднаш да се дејствува на терен.

Градоначалникот Дарко Блажески вети дека за кратко очекува целосно да биде оспособено уличното усветлување во сите населени места во Општина Јегуновце бидејќи жителите треба да ја добијат услугата за која плаќаат.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце