Општина Јегуновце Ноември 2018 година – со цел олеснување на даночната процедура, заштеда на време и трошоци за исполнување на даночните обврски како и обезбедување брз и лесен пристап до даночните услуги, Управата за јавни приходи (УЈП) преку даночна канцеларија секој Понеделник и Четврток до крајот на 2018 година со работно време од 10:00 до 15:00 часот ќе биде присутна во просториите на општинската зграда во Јегуновце.

Во даночната канцеларија, граѓаните и фирмите од општина Јегуновце ќе имаа можност да ги добијат сите даночни услуги и информации, односно да ги достават сите видови на даночни пријави и барања како и да ги подигнат потребните документи што ги издава УЈП.

Граѓаните и фирмите можат да добијат редовни информации за возниот ред на мобилните даночни шалтери преку веб-страницата на УЈП www.ujp.gov.mk или преку Инфо – центарот 0800 33 000.

Изготвил: Стојанче Антовски
Општина Јегуновце