Воспитно образовниот процес на децата во основното образование натериторијата на Општина Јегуновце се одвива во трите централни основни училиштасо вкупно 13 подрачни училишта.

Централното основното училиште “Симче Настовски”Вратница е училиште содолга и богата традиција. Формирано е во далечната 1893 год. Денешното име годобило по првоборецот од овој крај Симче Настовски, кој го дал својот млад животво 1943 год. За слобода на Македонија на 18-годишна возраст.
Училиштето е сместено во пазувите на Шар Планина, а над него високо се издигнуваврвот Љуботен. Привилегија на училиштето е што работи во една здрава и чистаеколошка стредина. Истото се наоѓа во Вратница каде се образуваат и воспитуваатученици од I-VIII одд. на македонски јазик.
Од 1981 год. во ова училиште се воспитуваат и образуваат деца со лесни пречки вопсихичкиот развој во посебни паралелки, а кои престојуваат во училишниотинтернат. Денеска училиштето располага со медиотека опремена со техничкинагледни средства, библиотека, кабинет по информатика опремен со новикомпјутери, игралиште, парк, кујна, трпезарија, мини фарма за свињи и земјоделскипарцели. Во склоп на ова училиште функционираат 5 подрачни основни училишта и тоа во населените места: Долно Орашје, Јажинце, Рогачево, Старо Село и Орашје.

Работно време:
Од понеделник до петок
од 07:00ч. до 15:00ч.

Контакт:
О.У. Симче Настовски
1225 Вратница, Општина Јегуновце
Р.Македонија
Тел: (+389) 44 451 008
Факс: (+389) 44 451 008

Лице за контакт:
Дијана Петровска (директор)
Тел: (+389) 44 451 008
Е – контакт: simcenastovski@yahoo.com

 

Централното основното училиште “Александар Здравковски”Јегуновце еосновано во 1960 год. истото се наоѓа во Јегуновце центарот на општината каде сеобразуваат и воспитуваат ученици од I-VIII одд. на македонски јазик, училиштеторасполага со библиотека, кабинет по информатика опремен со нови компјутери испорски игралишта. Во склоп на ова училиште функционираат 2 подрачни основниучилишта и тоа во населените места: Јанчиште и Ротинце.

Работно време:
Од понеделник до петок
од 07:00ч. до 15:00ч.

Контакт:
О.У. Александар Здравковски
1215 Јегуновце, Општина Јегуновце
Р.Македонија
Тел: (+389) 44 397 729
Факс: (+389) 44 397 729

Лице за контакт:
Даниела Тушева (директор)
Тел: (+389) 44 397 729
Е – контакт: zdravkovskialeksandar@yahoo.com

Централното основното училиште “Шемшово”Шемшово се наоѓа во долниот делна Полог сместено на раскрсницата која води за Јегуновце, Лешок и Желино.
Училиштето е основано во 1945 год. со оддлука на Околискиот одбор на ОпштинаТетово. Во основното училиште во Шемшово се образуваат и воспитуваат ученициод I-VIII одд. на албански наставен јазик а додека во подрачното основно училиштево Жилче се образуваат и воспитуваат ученици од I-VIII одд. на македонски наставенјазик.Училиштето располага со кабинет по информатика опремен со новикомпјутери, спортски игралишта и спортска сала која не е довршена.
Во склоп на ова училиште функционираат 6 подрачни основни училишта и тоа вонаселените места: Жилче, Копанце, Прељубиште, Ратае, Сиричино и Туденце.

Работно време:
Од понеделник до петок
од 07:00ч. до 15:00ч.

Контакт:
О.У. Шемшово
1228 Шемшово, Општина Јегуновце
Р.Македонија
Тел:   (+389) 44 376 227
Факс: (+389) 44 376 227

Лице за контакт:
Селман Алити (директор)
Тел:   (+389) 44 376 227
Е – контакт:/