Градоначалникот Блажески започна со реализацијата на проектот од програмата, чистење и проширување на локални патишта низ Општина Јегуновце.

Денес фирмата ДА-БО Компани ангажирана од страна на општина Јегуновце започна со чистење и проширување на локален пат кој води од населено место Јегуновце, локалитетот викан Пештер па се до населено место Ротинце.

Целовкупниот простор на оваа локација изминатиов временски период беше запуштен, обраснат со трева и полн отпад. Со овој зафат значително ќе се подобрат условите и ќе се олесни одвивањето на сообраќајот во овој дел на Општина Јегуновце.

Градоначалникот Блажески најави дека тука не запира, следува чистење на повеќе диви депонии во повеќенаселени места.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце