Согласно програмата за чистење на дивите депонии, општина Јегуновце пристапи кон пролетно чистење на дивите депонии со ангажирање на механизација на терен. Денес се работи на расчистување на дивата депонија во населено место Шемшово а согласно планот, ќе се чистат и останатите критични локации во Општината, детектирани од овластени лица на општинската администрација.

Градоначалникот Дарко Блажески упати апел до сите жители од општина Јегуновце за совесно и правилно да го одлагаат својот отпад, со цел да се спречи создавање на диви депонии и да се сфати пораката дека заштитата на животната околина зависи од сите нас.

Средствата за оваа реализација се обезбедени од буџетот на општина Јегуновце.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце