На 31.01.2019 гoдина одржан е состанок на работната група во рамките на проектот “Подобрување на управувањето со цврст отпад во полошкиот регион“ каде активно учество има и општина Јегуновце.

Проектот е финансиран од владата на Швајцарија, а негова цел е да се подобри управувањето со цврстиот комунален отпад во Полошкиот регион.

Во рамките на проектот до средината на 2019 година ќе се интервенира на депонијата во Русино, финансиски ќе се подржат деветте општини од регионот преку брзи мерки со активности за кои ќе одлучат општините поединечно и ќе се спроведе кампања за подигање на јавната свест.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце