На 24.2.2018 г. (сабота) се одржа Општински натпревар по математика во ООУ „Александар Здравковски“ Јегуновце.

Учество зедоја вкупно 36 ученици на воздраст од IV до IX одделение од ОУ и ПОУ во Општина Јегуновце.

Освоени се 5 втори места, 10 трети места, додека со пофалница се здобија 6 ученици. Критериумите на отценување се спрема бодовниот систем доставен од страна на сојузот на математичари  подржан од Министерството за образование и наука.

Наградените ученици ќе учествуваат на регионалниот натпревар кој ќе се одржи во Тетово првата сабота во Април.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце