Во организација на ЛАГ СКАРДУС и Општина Јегуновце на 24 и 25.04.2018 година се одржаа две раборилници во рамките на проектот “Градење на функционално партнерство меѓу локалните институции, бизнис секторот и невладините организации“.

Проектот го реализираа ЛАГ СКАРДУС и Општина Јегуновце и истиот финансиски е поддржан од Проектот ИПА 2 на ЕУ.

На работилниците присуствуваа 37 учесници кои имаа можност низ интерактивна работа да се запознаат со можностите за соработка преку ЛЕАДЕР мерката на ИПАРД Програмата , односно преку Локалните Акциски Групи (ЛАГ) , а во функција на создавање на услови за поголем развој на заедницата.

Покрај тоа, со гостите од Унгарија и Република Чешка беа споделени искуства од начинот на формирање и функционирањето на Локалните Акциски Групи во Унгарија и Чешка и нивниот придонес во руралниот развој во нивните земји.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце