Јавната дебата која се одржа на ден 28 Март 2018 во ресторан Антонио во Јегуновце, е првата активност од проектот „Зајакнување на капацитетите на КОМЗ Јегуновце„ проект финансиран од Европската Унија преку Асоцијацијата за Демократски Иницијативи (АДИ) од Гостивар, имплементирано од ЗИП Институт од Скопје.

На овој настан присутни беа членовите на КОМЗ, советниците на Општинскиот совет, претседатели на месните заедници на општина Јегуновце,  директори на основни училишта како и претставници на ИВЗ и МПЦ. На дебата се истакна потребата од зајакнување на КОМЗ, како тело кое адресира проблеми на помалите немнозински заедници. Дебатата беше водена во правец на вклучување на помалите етнички заедници во комисијата, со тоа што бројот на членовите не КОМЗ треба да расте од 5 во 7, вклучувајќи ги Ромите и Србите кои живеат во Општината.

Проектот има една широка палата на активности, како обуки, конференции и состаноци со цел функсионализација на КОМЗ Јегуновце.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце