Денес 27.12.2018 година со почеток во 10:30 часот се ордржа шеснаесетта седница на советот на Општина Јегуновце во салата за состаноци на општинската зграда.
На седницата претседаваше претседателот на советот на општина Јегуновце Орхан Сабрии, дневениот ред содржеше 11 точки а дополнет беше со плус една, присутни беа сите 15 советници  и градоначалникот Дарко Блажески.
Дневен Ред:
       – Усвојување на Записник од петнаесетата седница.
  1. Предлог – Буџет на Општина Јегуновце за 2019 год.
  2. Предлог – Одлука за усвојување на Буџет на Општина Јегуновце за 2019 год.
  3. Предлог – Одлука за извршување на Буџет на Општина Јегуновце за 2019 год.
  4. Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2019 година.              
  1. Предлог – Одлука за усвојување на Планот за архивски знаци за распоредување на актите за 2019 год на Општина Јегуновце.
  1. Предлог – Одлука за трансферирање на средства – субвенции од Буџетот на Општина Јегуновце на Друштвото за услуги ЧИСТОТА ЈЕГУНОВЦЕ ДООЕЛ с.Јегуновце, Јегуновце за 2019 година.
  2. Предлог – Одлука за превземање на обврска за плаќање на фактури за потрошена електрична енергија од Друштвото за услуги ЧИСТОТА ДООЕЛ с.Јегуновце, Јегуновце.
  3. Предлог – Одлука за отпочнување со работа и вршење на дејноста на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „ЈАБОЛЧИЊА„ во с.Јегуновце општина Јегуновце, во објект „Цветови„ лоциран на ул 101 бр.бб во с Прељубиште општина Јегуновце во состав на Јавната општинска установа за деца – детска градинка „ЈАБОЛЧИЊА„ во с.Јегуновце, општина Јегуновце.
  4. Предлог – Одлука за давање на користење, одржување и управување на објектот „Цветови„ во сПрељубиште, општина Јегуновце на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „ЈАБОЛЧИЊА„ во с.Јегуновце општина Јегуновце
  5. Предлог – Одлука за давање на користење на недвижен имот – канцеларија, без надоместок, на неопределено време.
  6. Разгледување на барања.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце