Денес 19.06.2018 година во салата за состаноци на Општина Јегуновце со почеток во 10:30 часот се одржа тркалезна маса на тема „Унапредување на правата на заедниците и комисии за односи меѓу заедниците во општините”. организиран од страна на Здружението Институт за развој на заедницата (ИРЗ) – Тетово, во соработка со Агенцијата за остварување на правата на заедниците (Агенцијата), со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Целта е информирање на присутните за надлежностите и активностите на Агенцијата како посебен државен орган во оваа област, како и да се запознаат со местото и улогата на КОМЗ во општината.

Со овој настан се очекува да се овозможи и поттикне конструктивен, отворен и инклузивен дијалог за сите предизвици и прашањата кои се поврзани со остварувањето на правата на заедниците на локално ниво.

 

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце