Денес 21.09.2018 година со почеток во 10 часот се ордржа тринаесетта седница на советот на Општина Јегуновце во салата за состаноци на општинската зграда.
На седницата претседаваше претседателот на советот на општина Јегуновце Орхан Сабрии, дневенио ред содржеше 6 точки, присутни беа сите 15 советници.
Дневен ред :
  1. Предлог-Одлука за распределба на средства од Програмата за изградба, реконструкција и одржување на општинската патна мрежа и улиците за 2018 година, по населените места во општина Јегуновце.
  2. Предлог-Оперативен план за зимско одржување на локалната патна мрежа и улиците по населените места во општина Јегуновце.
  3. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишни програми за работа на ОУ на територија на општина Јегуновце за учебната 2018-2019 година.
  4. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишни извештаи за работа на ОУ на  територија на општина Јегуновце за учебната 2017-2018 година.
  5. Предлог-Одлука за одобрување на финасиски средства на Дружтвото за услуги ЧИСТОТА ЈЕГУНОВЦЕ ДООЕЛ с.Јегуновце Јегуновце за уплата на надоместок на Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија за утврдување на тарифа за бодоснабдување во населените места во општина Јегуновце.
  6. Разгледување барања.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце