Се одржа  третата и последна работилница на тема: „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“

Овој настан е организиран од страна на Фондацијата за развој на локалната заедница Штип во соработка со партнерите Центар за одржлив развој – Алка Скопје и Институт за развој на заедницата Тетово подржан од општина Јегуновце.

Целта на овој проект беше креирање транспарентни и отчетни процедури за финансирање на граѓанските организации од буџетите на локалната самоуправа и стимулирање на примена на добри практики помеѓу општините.

Ова е од особена важност за транспарентно доделување на средства што ќе овозможи компетитивност на идеите на здруженија кои се важни за целата заедница.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце