Денес 25.01.2019 година со почеток во 10:30 часот се ордржа седумнаесетта седница на советот на Општина Јегуновце во салата за состаноци на општинската зграда.

На седницата претседаваше претседателот на советот на општина Јегуновце Орхан Сабрии, дневениот ред содржеше 10 точки а дополнет беше со плус 8, присутни беа сите 15 советници  и градоначалникот Дарко Блажески.

Дневен ред:

Усвојување на Записник од шеснаесетата седница.

  1. Предлог – Програма за работа на Советот на Општина Јегуновце за 2019 год.
  2. Разгледување на финансиски извештај за извршување на Буџетот на Општина Јегуновце за IV квартал за 2018 год. и Заклучок за усвојување на финансискиот извештај.
  3. Предлог – Критериуми за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот во Општина Јегуновце за 2019 год.
  4. Предлог – Програма за изработка на урбанистички планови за населените места на подрачјето во Општина Јегуновце и урбанистички планови вон населените места за 2019 год.
  5. Предлог – Програма за изработка на локална урбанистичка планска документација на Општина Јегуновце за 2019 год.
  6. Предлог – Програма за изработка на општи Акти за населените места во Општина Јегуновце за 2019 год.
  7. Предлог – Одлука за именување членови на Надзорниот одбор на Друштвото за услуги  ЧИСТОТА ЈЕГУНОВЦЕ ДООЕЛ с. Јегуновце, Јегуновце.
  8. Предлог – Одлука за именување на членови во Управен одбор на Јавната локална установа Библиотека „Светлина„-„Drita„ с.Прељубиште – Општина Јегуновце.
  9. Предлог – Заклучок за превземање активности со згрижување на кучиња скитници.
  10. Разгледување на барања.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце