Денес 28.03.2018 година со почеток во 10 часот се ордржа седма седница на советот на Општина Јегуновце во салата за состаноци на општинската зграда.

На седницата претседаваше претседателот на советот на општина Јегуновце Орхан Сабрии, дневниот ред содржеше 9 точки додека дополнет беше со плус две.

  1. Извештај за реализација на Програмата за изградба, реконструкција и одржување на општински патишта и улици во општина Јегуновце за 2017г. со Заклучок за усвојување.
  2. Предлог-Програмата за изградба, реконструкција и одржување на општински патишта и улици во општина Јегуновце за 2017г.
  3. Предлог-Одлука за прогласување на општински патишта на територија на општина Јегуновце.
  4. Предлог-Одлука за давање на согласност за основање на регионална депонија и потребна инфраструктура за Полошкиот регион.
  5. Предлог-Одлука за утврдување на висината на цената за приклучок на фекална канализација за населените места Сиричино и Јегуновце.
  6. Предлог-Одлука за донесување на Оперативен план за заштита и одбрана од поплави на општина Јегуновце за 2018г
  7. Предлог-Одлука за одобрување на Програма за спроведување на општи мерки и заштита на населението од заразни болести на пофрачјето на општина Јегуновце за 2018г.
  8. Разгледување на барања.
  9. Јавна дебата за потребата од зајакнување на Комисија за односи меѓу заедниците.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце