Месец Ноември на локалитетот викан ПЕТAЧКО ВОДИЧЕ во с.Беловиште Општина Јегуновце, традиционално се одржа седма по ред меѓународна манифестација ШАРПЛАНИНСКА КОСТЕНИЈАДА организирана од страна на Институт за одржлив, рурален регионален развој-БЕЛА ВИСТА.

Манифестацијата  ги исполни  своите задачи за заштита и промоција  на костенот,медот и виното. Покрај основната  цел  успеа  во заложбата  да  привлече голем  број  учесници и гости од повеќе категори.

Семот ги обедини сите учесници производители на мед и медни производи, малите семејни винарии и сертифицирани одгледувачи на органски производи од регионот со наделеку познатото тетовско гравче, јаболка тетовка и ред  други култури, кои се предхотни проекти на Бела Виста-ИОРРР.

Годинешното одбележување е седмо по ред, малку на број граѓански организации успеале во одржливоста и континитуетот, додека  тимот на  Бела Виста  секоја  година ја надградува манифестацијата и ја зголемува посетеноста, која  и оди  во прилог на севкупниот  развој и популаризација на Општина Јегуновце и останатите  во регионот.

 

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце