На 29 и 30 01.2019 година во Тетово и Велес се одржаа работилници на Проектот “ Подобрување на отпорноста на поплави во полошкиот регион“ на кој активно учество имаше и општина Јегуновце, при што беше разгледана и разработена Програмата за работа на Мрежата на отпорен и заштитен Полог за 2019 година.

Се одржа и Втората седница на Заедничкото Работно Тело (ЗРТ) на која беше усвоен нацртот на Програмата за работа на Мрежата на отпорен и заштитен Полог за 2019година.

Целта на проектот е да се превземат мерки и активности за превенирање на појава на поплави во полошкиот регион и намалување на последиците од поплавите.

Проектот е финансиран од швајцарската Агенција за развој и соработка (SDC) , а се спроведува во соработка со УНДП и деветте општини од полошкиот регион.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце