Во деновите 19 и 20.04.2018 година  во хотел Бистра, Маврово се оддржа работилница на тема „Градење на капацитетите за одржлив развој на локалните акциски групи во процесите на итеграција во ЕУ“. Оваа работилница е организирана од страна на здружението ЦеПроСАРД во соработка со партнер организациите ASAHA GRANDA од Шпанија и LAG UNA од Хрватска.

Проектот имаше за цел зајакнување на јавно приватно партнерсво помеѓу локалните власти, руралните невладини организации и бизнис асоцијациите преку трансвер знаење, најдобри практики и искуство пренесено од ЕУ за воспоставување и функционирање на Локални Акциски Групи (ЛАГ) и ЛИДЕР Програмата.

Општина Јегуновце ја подржа оваа работилница и зеде учество со свои претставници.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце