Денес 24.01.2018 година со почеток во 10 часот се ордржа петта седница на советот на Општина Јегуновце во салата за состаноци на општинската зграда.

На седницата претседаваше претседателот на советот на општина Јегуновце Орхан Сабрии, додека дневниот ред содржеше 7 точки.

1.Предлог-Програма за работа на Советот на Општина Јегуновце за 2018 год.

2.Предлог-Критериуми за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот во општина Јегуновце за 2018 год.

3.Предлог-Програма за изработка на урбанистички планови за населените места на подрачјето во општина Јегуновце и урбанистички планови вон населените места за 2018 год.

4.Предлог-Програма за изработка на локална урбанистичка планска документација на општина Јегуновце за 2018 год.

5.Прелог-Програма за изработка на Општи Акти за населените места во општина Јегуновце за 2018 год.

6.Предлог-Одлука за надомест на изборните трошоци на организаторите на изборната кампања на Локалните избори 2017 год, за избор на градоначалник и советници на Советот на Општина Јегуновце.

7.Разгледување на барања.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце