Денес 27.04.2018 година со почеток во 10 часот се ордржа осма седница на советот на Општина Јегуновце во салата за состаноци на општинската зграда.

На седницата претседаваше претседателот на советот на општина Јегуновце Орхан Сабрии, додека дневниот ред содржеше 7 точки.

  1. Разгледување на финасиски извештај за извршување на Буџетот на Општина Јегуновце за I квартал за 2018г и Заклучок за усвојување на финасиски извештај.
  2. Предлог-Одлука за измена на распоредот на средства на Буџетот на Општина Јегуновце за 2018 год.
  3. Предлог-Одлука за распределба на средства од Програмата за изградба, реконструкција и одржување на општинската патна мрежа и улиците во 2018 год, по населени места во Општина Јегуновце.
  4. Предлог-Одлука за именување на членови во Управниот одбор на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка ЈАБОЛЧИЊА во с.Јегуновце, општина Јегуновце.
  5. Предлог-Одлука за разрешување и именување на членови на Училишни одбори на основните училишта на територија на општина Јегуновце.
  6. Предлог-Одлука за определување месечен надоместок на членови на Советот на Општина Јегуновце за присуство на седница.
  7. Разгледување на барања.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце