Денес 31.07.2018 година со почеток во 09 часот се ордржа единаесета седница на советот на Општина Јегуновце во салата за состаноци на општинската зграда.

На седницата претседаваше претседателот на советот на општина Јегуновце Орхан Сабрии, новиот дневен ред содржеше 3 точки, присутни беа 14 од вкупно 15 советници.

Дневен ред

  1. Разгледување на финансиски извештај за извршување на Буџетот на Општина Јегуновце за II квартал за 2018 година и заклучок за усвојување на финасискиот извештај.
  2. Предлог – Одлука за подршка на сопствено учество – кофинансирање на проектот „Зајакнување на алтернативниот туризам во руралните подрачја  на Полог.
  3. Разгледување барања.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце