Денес 27.03.2019 година со почеток во 10:00 часот се ордржа деветнаесетта седница на советот на Општина Јегуновце во салата за состаноци на општинската зграда.

На седницата претседаваше претседателот на советот на општина Јегуновце Орхан Сабрии, дневениот ред содржеше 20 точки, додека присутни беа сите 15 советници.

Дневен ред:

   -Усвојување записник од седумнаесетта седница.

  1. Извештај за реализација на Програмата за изградба, реконструкција и одржување на општински патишта и улици во општина Јегуновце за 2018 г. со Заклучок за усвојување
  2. Предлог – Програмата за изградба, реконструкција и одржување на општински патишта и улици во општина Јегуновце за 2019г.
  3. Предлог – Одлука за давање согласност и овластување за измирување односно пренасочување на средства  од буџетска сметка на Општина Јегуновце.
  4. Предлог – Одлука за давање согласност и овластување за потпишување на Договор/и за грант, согласно Договор за финасирање СЕПАРИС број 2008-0446 помеѓу Репубила Македонија и Европска инвестициона банка.
  5. Предлог – Одлука за утврдување на приоритет на Основен проект за фекална улична канализација на населените места Јанчиште и Подбреѓе.
  6. Предлог – Одлука за давање согласност за намената на инвестицијата.
  7. Предлог – Одлука за ослободување на плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште при реализација на Основен проект за фекална улична канализација на населените места Јанчиште и Подбреѓе.
  8. Предлог – Одлука за утврдување на приоритет на Основен проект за реконструкција на локален пат с.Старо Село – Планинарски дом Љуботен.
  9. Предлог – Одлука за ослободување на плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште при реализација на Основен проект за реконструкција на локален пат с.Старо Село – Планинарски дом Љуботен.
  10. Предлог – Одлука за утврдување на приоритет на Основен проект за реконструкција на општински пат с Јегуновце – Планинарски дом Цер.
  11. Предлог – Одлука за ослободување на плаќање на надоместок за уредување на градежно земјипте при реализација на Основен проект за реконструкција на општински пат с.Јегуновце – Планинарски дом Цер.
  12. Предлог – Одлука за утврдување на приоритет на Основен проект за реконструкција на локален пат с.Беловиште – спој со регионален пат Тетово – Јажинце.
  13. Предлог – Одлука за ослободување на плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште при реализација на Основен проект за реконструкција на локален пат с.Беловиште – спој со регионален пат Тетово – Јажинце.
  14. Предлог – Одлука за утврдување на приоритет на Основен проект за реконструкција на плоштад во с.Вратница.
  15. Предлог – Одлука за ослободување на плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште при реализација на Основен проект за реконструкција на плоштад во с.Вратница.
  16. Предлог – Одлука за утврдување на приоритет на Основен проект за Реконструкција и рехабилитација на општински пат с.Вратница.
  17. Предлог – Одлука за ослободување на плаќања на надоместок за уредување на градежно земјиште при реализација на Основен проект за реконструкција и рехабилитација на општински пат с.Вратница.
  18. Предлог – Одлука за формирање на Просторен штаб за заштита и спасување.
  19. Предлог – Одлука за формирање на Просторни сили за заштита и спасување.
  20. Предлог – Одлука за определување на места за истакнување на изборни плакати без надоместок за време на избоната кампања.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце