Денес 31.05.2018 година со почеток во 11 часот се ордржа девета седница на советот на Општина Јегуновце во салата за состаноци на општинската зграда.

На седницата претседаваше претседателот на советот на општина Јегуновце Орхан Сабрии, дневниот ред содржеше 5 точки додека присутни беа сите 15 советници како и градоначалникот Дарко Блажески.

Дневен ред:

  1. Предлог – Одлука за давање на согласност за поставување на подземни инсталации во патниот и заштитниот појас на општинскиот пат/улица во с.Раотинце и утврдување на висината на надоместок за поставување инсталации во патниот и заштитниот појас на општинскиот пат/улица с.Раотинце.
  2. Предлог – Одлука за усвојување на Акциски план на општина Јегуновце за 2018 год. за пристапни рампи за лица со инвалидност.
  3. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за формирање Комисија за односи меѓу заедниците.
  4. Разгледување на барања.
  5. Советнички прашања.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце