Општина Јегуновце 30.01.2018 година се одржа втората работилница на тема: „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“.

Овој настан е организиран од страна на Фондацијата за развој на локалната заедница Штип во соработка со партнерите Центар за одржлив развој – Алка Скопје и Институт за развој на заедницата Тетово подржан од општина Јегуновце.

Целта на проектот е да се креираат транспарентни и отчетни процедури за финансирање на граѓанските организации од буџетите на локалната самоуправа и стимулирање на примена на добри практики помеѓу општините.

Како резултат од планираните три работилници, треба да произлезе методологија за распределба на средства за здружение на граѓани од страна на општината.

Ова е од особена важност за транспарентно доделување на средства што ќе овозможи компетитивност на идеите на здруженија кои се важни за целата заедница.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце