По повод меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, претставници од Општина Јегуновце заедно со Градоначалникот Дарко Блажески денеска ги посети дечињата со посебни потреби од основното училиште Симче Настовски од Вратница.

Овие се лица кој се разликуваат  од останатите и нивната убавина е токму во таа посебност, во разликување и издвојување од останатите, затоа должност наша е да се грижиме да им биде олеснет животот и исполнет со убави работи.

На дечињата од страна на градоначалникот им беше доделено училишен прибор, со единствена цел радост и топлина за секое дете.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце