Петок 08.06.2018 година – Во просториите на Општина Јегуновце се одржа настан организиран од страна на ENV.NET, Балкански Мостови и Младинска алијанса, Тетово  по повод Светскиот ден за заштита на животната средина.

Секоја година Светскиот ден на животната средина е фокусиран на тема која треба да го сврти вниманието на глобалната јавност на најгорливите прашања за животната средина. Тема за 2018 година, под мото „Да го спречиме загадувањето со пластичен одпад“ е повик за акција за сите нас да се здружиме и да се бориме со еден од големите еколошки предизвици на нашето време.

Апелот е дека е потребна итна, конкретна акција од страна на сите засегнати за решавање на проблемот со комуналниот одпад.

Општина Јегуновце зема активно учество на ваков вид настани и ќе се залага за чиста и здрава животна средина.

 

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце