Општина Јегуновце 06.03.2018 година – За олеснувањето на даночната процедура, заштеда на време и трошоци за исполнување на даночните обврски како и обезбедување брз и лесен пристап до даночните услуги, Управата за јавни приходи денес повторно е присутна преку „Мобилниот даночен шалтер“ (опремено комбе – канцеларија) пред седиштето на Локалната самоуправа на Општина Јегуновце.

Жителите од околните населени места во општина Јегуновце имаа можност да ги добијат сите даночни услуги и информации, односно да ги достават сите видови на даночни пријави и барања како и да ги подигнат потребните документи што ги издава УЈП.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце